
Гостинската турнеја на Денвер продолжува во Хјустон, но составот за дуелот со Рокетс останува голема непознаница. Никола Јокиќ има истегнување на десниот лакт и е еден од шестмината кошаркари чие учество е неизвесно.
Натпреварот е закажан за ноќта меѓу понеделник и вторник, во 2:30 часот по средноевропско време. На првичниот извештај за повредени, покрај српскиот центар, се најдоа и повеќе важни играчи од ротацијата на Нагетс.
- Џамал Мареј има нагмечување на левата потколеница.
- Арон Гордон и Камерон Џонсон се наведени поради третман на повреди во долниот дел од телото.
- Кристијан Браун има нагмечување на левиот лист и болест.
- Демар Дерозан има грчеви во долниот дел од грбот.
За сите нив, како и за Јокиќ, настапот засега е под прашалник. Сигурно отсуство е Џулијан Стротер, кој има истегнување на левото колено.
Injury Report ahead of tomorrow’s game against the Rockets: QUESTIONABLE: Christian Braun (Left Calf Contusion/Illness) Aaron Gordon (Lower Body Injury Management) Cameron Johnson (Lower Body Injury Management) Nikola Jokić (Right Elbow Sprain) Jamal Murray (Left Shin/Tibia Contusion) DeMar DeRozan (Low Back Spasms) OUT: Julian Strawther (Left Knee Sprain)— Denver Nuggets (@nuggets) November 8, 2026
Здравствената неизвесност доаѓа по патувањето во Мексико Сити, каде што Денвер во саботата ја совлада Индијана со 114:102. Средбата во „Арена ЦДМХ“ беше дел од годишниот НБА-натпревар во мексиканската престолнина, а Нагетс поминаа три дена надвор од САД.
Враќањето дополнително им го отежнало распоредот. Според Ентони Слејтер од ЕСПН, екипата се соочила со големи доцнења на летовите при заминувањето од Мексико Сити.
Денвер има пет победи и три порази на почетокот од сезоната 2026/27, а целата претстојна недела ќе ја помине на гостински терени. По Хјустон, следуваат дуел со Мемфис во среда и пресметка со Њу Орлеанс во сабота.
Фото: All-Pro Reels / Wikimedia Commons, CC BY-SA 2.0