Дома Тенис „Не се чувствувам добро“: Рибакина го прекина интервјуто, па се повлече од Завршниот турнир

„Не се чувствувам добро“: Рибакина го прекина интервјуто, па се повлече од Завршниот турнир

„Не се чувствувам добро“: Рибакина го прекина интервјуто, па се повлече од Завршниот турнир

Елена Рибакина нема да ја брани титулата на Завршниот ВТА-турнир во Индијан Велс. Казахстанската тенисерка го откажа настапот поради вирусна инфекција, а во главната ждрепка ќе влезе Марта Костјук од Украина.

Пред официјалната потврда за повлекувањето, здравствените проблеми на светската тенисерка број еден станаа очигледни при разговор за „Канал+ Спорт“. Интервјуто заврши предвреме, откако новинарката забележа дека Рибакина не е во добра состојба и ѝ понуди да прекинат.

„Да, ве молам“, одговори Рибакина, а на следното прашање дали е добро, кратко објасни: „Не, не се чувствувам добро“.

Сигнали дека нејзиниот настап е неизвесен имаше уште во петокот. Предвидената прес-конференција беше презакажана за сабота, со објаснување од организаторите дека тенисерката не се чувствува добро. Во саботата, еден ден пред почетокот на сингл-конкуренцијата, пристигна и веста дека нема да игра. ВТА како причина ја наведе вирусната инфекција.

Со тоа пропадна можноста Рибакина да го повтори успехот од претходното издание во Ријад, каде што стигна до трофејот без ниту еден пораз.

Отсуството од завршната пресметка, сепак, нема да го промени нејзиниот пласман на крајот од годината. Рибакина веќе го обезбеди првото место на ВТА-листата за крајот на 2026 година, во сезона во која ги освои Австралија опен и УС опен.

Фото: Telegraf

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Свитолина одби фотографија со Сабаленка и Андреева пред завршниот мастерс

Украинската тенисерка не сака да биде дел од заедничкото фотографирање со белоруската и ру…