Дома Фудбал Мак Алистер откри болна порака од Ливерпул: Засега не планираат нов договор

Мак Алистер откри болна порака од Ливерпул: Засега не планираат нов договор

Мак Алистер откри болна порака од Ливерпул: Засега не планираат нов договор

Алексис Мак Алистер сака иднината да ја врзе со Ливерпул, но разговорите за неговиот статус му донеле непријатно сознание. Аргентинскиот играч за врска откри дека минатата сезона од клубот му било соопштено оти во тој момент не се планира продолжување на неговиот договор.

Во интервју со аргентинскиот новинар Гастон Едул, 27-годишниот фудбалер призна дека тешко ја примил таквата порака. Од актуелниот договор му остануваат уште година и пол, а неговата желба е и понатаму да го носи дресот на „црвените“.

„Минатата сезона ми беше пренесено дека идејата на клубот е да не ми го продолжи договорот, барем засега. Очигледно, тоа беше болно и непријатно. Најмногу сакам да продолжам тука“, изјави Мак Алистер.

Сепак, аргентинскиот репрезентативец не ја смета таа порака за конечен одговор. Тој посочи дека во меѓувреме се смениле тренерот и спортскиот директор, а во клубот доаѓаат и нови инвеститори. Токму поради тие промени, остава простор неговата договорна ситуација да добие поинаков развој.

„Пред да станам слободен играч, сè може да се случи. Сега сум во ситуација во која сите можности се отворени. Ќе видиме што носи иднината. Среќен сум тука“, порача фудбалерот.

Неговото признание доаѓа во период кога се споменува интерес од Реал Мадрид. Сепак, Мак Алистер јасно ја нагласи желбата да остане на „Енфилд“, додека прашањето за нов договор со Ливерпул останува отворено.

Фото: Bryan Berlin / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул двапати водеше, Фенербахче го шокираше со пресврт!

Фенербахче славеше со 3-2 во Истанбул и му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во оваа сезо…