Дома Македонски спорт Мак фудбал Шешко ја пропушта пресметката во Скопје, Словенија доаѓа со Облак

Шешко ја пропушта пресметката во Скопје, Словенија доаѓа со Облак

Фудбал — архивска фотографија

Македонија ќе ја затвори дебитантската сезона во Лига Б против словенечки состав без Бенјамин Шешко. Напаѓачот поради повреда не е во изборот на селекторот Боштјан Цесар за ноемвриските обврски, меѓу кои е и гостувањето во Скопје на 16 ноември.

Цесар не направи големи промени во репрезентативното јадро. Меѓу повиканите се голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, дефанзивецот на Лидс, Јака Бијол, и напаѓачот на Свонси, Жан Випотник.

За македонскиот тим ова ќе биде можност да го поправи впечатокот од првата меѓусебна пресметка во групата. На 29 септември Словенија славеше со 2-0, а Македонија во досегашните четири настапи нема ниту бод ниту постигнат гол. Последниот октомвриски натпревар заврши со пораз од 0-3 на гостувањето кај Швајцарија.

Словенците, пак, во претходното коло покажаа дека можат да победат и по резултатска негатива. На теренот на Шкотска стигнаа до триумф од 2-1, откако Алјоша Матко и Данијел Штурм погодија за пресврт по водечкиот гол на Рајан Кристи.

Пред дуелот во Скопје, двете селекции ги очекуваат различни тестови на 13 ноември. Македонија ќе гостува во Глазгов кај Шкотска, додека Словенија во Марибор ќе ја пречека Швајцарија. Македонските натпревари во завршните две кола се закажани за 20:45 часот, а домашниот меч со Словенците ќе биде последната можност за бодови во групната фаза.

Фото: Архива

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гласот на фудбалерите: По 26 кандидати за идеалните тимови на ФИФПРО

Повеќе од 26.000 професионални фудбалери учествуваа во изборот, а објавени се финалистите …