Дома Трансфер зона Беневенто го обезбеди првото засилување – И тоа поранешниот бек на Јувентус!

Беневенто го обезбеди првото засилување – И тоа поранешниот бек на Јувентус!

Фенерџијата во Серија А, Беневенто претходниот викенд го освои првиот бод во Серија А во својата историја одигрувајќи 2:2 против Милан на својот стадион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голманот на домаќините Алберто Брињоли го совлада Донарума во 95 минута  за ерупција на стадионот „Чиро Вигорито“.

Првото засилување за овој тим ќе биде поранешниот фудбалер на Јувентус Паоло Де Чеље.

Поранешниот фудбалер на Јувентус сам го најави своето пристигнување.

„Спремен сум да започнам нова авантура. Ќе ми бидат потребни неколку недели, но физички се чуствувам одлично“, изјави Де Чеље.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…