Дома Кошарка Нулата оди во легендите: Оклахома го повлекува дресот на Вестбрук

Нулата оди во легендите: Оклахома го повлекува дресот на Вестбрук

Нулата оди во легендите: Оклахома го повлекува дресот на Вестбрук

Бројот 0 на Расел Вестбрук добива трајно место во историјата на Оклахома Сити. Тандер објави дека ќе го повлече неговиот дрес на 7 февруари, на домашниот натпревар со Њујорк Никс во „Пејком центар“.

За поранешниот плејмејкер тоа ќе биде признание за 11 години поминати во клубот, период во кој стана негов рекордер по поени, скокови, асистенции, украдени топки и одиграни натпревари. Само уште еден број досега бил повлечен од Оклахома.

Меѓу најсилните спомени од неговите настапи останува сезоната 2016/17. Вестбрук тогаш ја освои МВП-наградата со просек од 31,6 поени, 10,7 скока и 10,4 асистенции, а со 42 трипл-дабл учиноци постави НБА-рекорд за една сезона.

И кариерата ја заврши како рекордер во таа категорија, со вкупно 209 трипл-дабли. Во август се повлече од кошарката по 18 сезони во НБА.

Со Вестбрук, Тандер стигна до големото НБА-финале во 2012 година, а во неговиот престој четирипати играше во финалето на Западната конференција.

Генералниот менаџер Сем Прести при најавата ја истакна и неговата улога надвор од паркетот, посочувајќи дека наследството на Вестбрук е создадено и преку придонесот во заедницата. Прести ги нагласи неговата непопустливост и големата посветеност.

Фото: Eurohoops

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Макси ја диригираше Филаделфија, Чикаго падна со 19 разлика

Филаделфија го совлада Чикаго со 126-107 и стигна до биланс 7-1. Тајрис Макси запиша 26 по…