Дома Фудбал Роналдо и Нејмар „бркаат“ нов рекорд во Лигата на шампиони

Роналдо и Нејмар „бркаат“ нов рекорд во Лигата на шампиони

Вечерва на програмата се последните натпревари од групната фаза во Лигата на шампиони, а тоа ќе биде шанса за поставување нов рекорд на Нејмар и Роналдо.

Првите ѕвезди на Реал Мадрид и ПСЖ до сега постигнаа гол на сите 5 натпревари, па можат да станат првите играчи во историјата на ЛШ кои погодиле на сите шест мечеви во групната фаза.

Роналдо до сега има постигнато 8 гола оваа сезона, а вечер игра против Борусија Дортмунд на „Сантиаго Бернабеу“. Нејмар пак има постигнато 5 гола, а за влез во историјата треба вечерва да погоди на „Алијанц Арена“ против Баерн Минхен.

Ниту еден фудбалер до сега не успеал да постигне гол во сите натпревари од групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првенствено деби меѓу стрелците за Елмас, осум гола и само бод за Аталанта

Елиф Елмас донесе предност од 4-3 против Фросиноне, но Аталанта прими гол во завршницата и…