Дома Фудбал Италија Се сеќавате на Џузепе Роси? – Има нов клуб!

Се сеќавате на Џузепе Роси? – Има нов клуб!

Ќе го гледаме повторно во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најмалерознит фудбалер во светот, Џузепе Роси својата кариера ќе ја продолжи во Џенова.

„Пепито“ денес потпиша договор со италијанскиот клуб и овој клуб е негова осма дестинација после Манчестер Јунајтед, Њукасл, Парма, Виљареал, Фиорентина, Леванте и Селта.

Роси е роден во САД, тој е дете на италијански емигранти, а од тинејџерските денови ги бранеше боите на „аѕурите“ во младинските категории. За сениорската селекција на Италија собра 30 настапи и постигна седум погодоци, а поради големите проблеми со повредите единственото големо натпреварување на кое настапи беше Купот на Конфедерациите во 2009 година.

Претставувањето на искусниот фудбалер и конференцијата за медиуми се закажани за утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…