
Легендарниот германски тенисер Борис Бекер остро реагираше на критиките кон Александар Зверев, кој наскоро ќе го заземе првото место на АТП листата. Откако Јаник Синер објави дека ќе ја пропушти остатокот од сезоната поради повреда, стана јасно дека Зверев ќе го преземе врвот. Тој ќе биде вториот Германец по Бекер кој го постигнал ова, и вкупно 30-ти број еден на АТП листата.
Некои критичари тврдат дека Зверев имал среќа и дека ја презема првата позиција поради повредите и паузите на Карлос Алкараз и Јаник Синер. Оваа година, Зверев има негативен скор против најдобрите играчи: 0-5 против Синер, 0-1 против Алкараз и 0-1 против Новак Ѓоковиќ.
Бекер ги нарече овие тврдења апсурдни во својот подкаст: „Тоа што не го заслужил е потполна глупост! Зверев се бори, игра и напорно работи, и сосема заслужено станува новиот светски број еден. Точно е дека Алкараз и Синер беа отсутни поради повреди, но Зверев не е виновен за тоа. Тој не може да ги избира противниците, туку мора да го победи оној што е на другата страна од мрежата, а оваа сезона го правеше тоа подобро од сите останати. Кога ќе освоите два гран слема и играте финале на Вимблдон, вие тоа место го заслужувате.“
Бекер истакна дека број еден не се станува преку ноќ ниту на основа на еден турнир: „Честитки за Зверев што влезе во оваа избрана група. Ништо не му е подарено, тоа е исклучително тежок труд. Мораш да бидеш најконстантниот играч во светот со месеци, а тој тоа го постигна со својата борба на теренот,“ заклучи Бекер.