
Младата македонска тенисерка Сара Митевска постигна значаен успех со освојувањето на турнирот Ј100 Аридеа во Грција, наменет за тенисерки до 18 години. Митевска, која има само 16 години, покажа извонредна форма и борбеност на патот до победата.
Во финалето, Митевска се соочи со Софија Дрозденко и успеа да направи пресврт, победувајќи со 2-1 во сетови (16, 61, 63). На патот до финалето, таа не загуби ниту еден сет, што дополнително ја истакнува нејзината доминација.
Како седма носителка, Митевска беше слободна во првата рунда. Во второто коло, таа ја совлада Фотеини Фасула од Грција со 2-0 (61, 61). Потоа, во третата рунда, ја победи Елена Пападопулу од Бугарија со 2-0 (63, 62). Во четвртфиналето, Митевска беше поуспешна од Ана Варса од Романија со 2-0 (76(5), 64), додека во полуфиналето ја совлада Лидија Панајотиду од Грција со 2-0 (64, 64).
Покрај успехот во сингл конкуренцијата, Митевска настапи и во двојки заедно со Нина Тепиќ од Србија, но беа елиминирани во четвртфиналето.