Дома Останати Кошарка Валенсија продолжува со победничкиот поход во Евролигата

Валенсија продолжува со победничкиот поход во Евролигата

Екипата на Валенсија ја продолжува својата победничка серија во Евролигата, откако во четвртото коло го совладаа тимот на Хапоел Тел Авив со резултат 93:82. Ова е четврта последователна победа за шпанскиот тим, кој сега се наоѓа на врвот на табелата заедно со Панатинаикос.

Валенсија го започна натпреварот со силен старт, освојувајќи значителна предност од 29:17 уште во првата четвртина. Хапоел се обиде да се врати во игра во втората четвртина, но на полувремето Валенсија продолжи да води со 47:40.

Во третата четвртина, Валенсија повторно го зголеми водството, достигнувајќи разлика од +17 поени, што беше доволно за конечна победа од 93:82. Најдобар играч на натпреварот беше Блејкни од Хапоел со 30 поени, но тоа не беше доволно за победа. Во победничкиот тим, Тејлор беше најефикасен со 17 поени, додека Шортс додаде 15, Пуерто 11, а Осетковски и Риверо по 10 поени.

Од страна на Хапоел, покрај Блејкни, двоцифрен учинок имаше и Илајџа Брајант со 12 поени, девет скока и три асистенции. Со оваа победа, Валенсија е на делба на првото место со 4-0, додека Хапоел е со биланс 2-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Бург и Балкан со нови засилувања во Еврокупот

Тимовите на Бург и Балкан Ботевград ги засилија своите редови со Тајгер Кембел и Сукмаил М…