Во рамките од 15 коло од Премиер лигата денес со почеток од 18:30 часот се одигра дербито на Премиер Лигата помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед рано уште во четвртата минута од средбата стигна до предност и тоа со погодокот на Антонио Валенсија. Не се чекаше многу и за втор погодок само седум минути подоцна, Џеси Лингард после мајсторската асистенција од Марсијал успеа да зголеми и на 0:2.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Иако во првите 11 минути видовме два погодоци, тоа беа и единствените погодоци во првиот дел.
Во вториот дел, „топџиите“ одлично стартуваа, Александар Лаказет во 49 минута од средбата успеа да намали на 1:2.
Арсенал започна да игра подобра, но сепак, следуваше нов гол во нивната мрежа. Втора асистенција на Пол Погба и втор погодок на Џеси Лингард за 1:3.
Французинот Погба после двете асистенции на петнаесетина минути до крајот заработи заслужно исклучување. По исклучувањето на Погба, Арсенал целосно се префрли на противничката половина, напаѓаа создаваа шанси, но погодок немаше.