Дома Фудбал Барселона чекаше за да наполни 16 години, а потоа го „заклучи“ со нов договор

Барселона чекаше за да наполни 16 години, а потоа го „заклучи“ со нов договор

Барселона го чекаше младиот португалски фудбалер Дани Фреире да наполни 16 години за да потпише договор со него.

Младиот португалски офанзивен фудбалер и една од големите надежи на европскиот фудбал, Дани Фреире, е нов играч на Барселона.

Младиот напаѓач вчера потпиша договор со каталонскиот великан, на денот кога наполни 16 години. Тоа не е случајност бидејќи од таа возраст може формално да потпише професионален договор со клубот.

Барселона го следеше за време на подготовките, и откако го виде тоа што го покажа, одлучи да не препушти ништо на случајноста.

Фреире е роден во Португалија, но како дете се досели во Луксембург. Таму на само шест години почна да тренира во Расинг, а подоцна дел од развојот го помина и во Фола Еш. Токму во Луксембург ги направи првите сериозни фудбалски чекори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингам ја виде понудата и веднаш кажа „да“: Ќе потпише на пет години!

Англискиот репрезентативец ја прифати понудата и ќе потпише договор на пет години. Реал Ма…