
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Енди Робертсон, има високо мислење за Флоријан Вирц, кој во периодот зад нас покажа дека поседува голем потенцијал.
Робертсон смета дека Вирц е „навистина посебен играч“, но истовремено нагласува дека Германецот допрва треба да докаже дека може да го покаже истиот квалитет и во Премиер лигата.
„Гледам навистина посебен играч, но знам дека мора да докаже дека може да го прави тоа во Премиер лигата“, изјави Робертсон.
Шкотланѓанецот посочи и дека Вирц минатата сезона често создавал идеални шанси за своите соиграчи, но тие не успевале да ги реализираат.
„Понекогаш минатата сезона ќе му ја ставеше топката на тацна на некого, а тој немаше да постигне гол. На Вирц му требаат луѓе кои ќе ги реализираат неговите шанси“, додаде Робертсон.
Според него, германскиот фудбалер без проблем можел да заврши со многу подобра асистентска статистика.
„Лесно можеше да заврши со 10-12 асистенции минатата сезона“, смета дефанзивецот на Тотенхем.