Дома Фудбал Кристијано Роналдо конечно одговори на прашањето кое ја интересира Португалија, но и целиот свет!

Кристијано Роналдо конечно одговори на прашањето кое ја интересира Португалија, но и целиот свет!

Кристијано Роналдо одговори на прашањето колку долго ќе продолжи да игра професионален фудбал.

Овој пат, португалецот не сакаше да даде големи ветувања ниту да зборува за конкретен датум на повлекување, но призна дека постои можност крајот да се приближува.

“Дали ова ќе биде моето последно поглавје? Можеби, не знам”, изјави Роналдо.

Потоа дополнително ја подгреа приказната со изјава која сигурно ќе ги загрижи неговите бројни фанови ширум светот.

“Ова може да биде мојата последна сезона. Но, не знам.”

Роналдо објасни дека конечната одлука пред сè ќе зависи од тоа како ќе се чувствува физички и ментално.

“Ако ми дозволи телото, ако ми дозволи и главата и ако сум уште во добра форма, тогаш не знам. Не знам што ќе се случи”, порача португалецот.

За разлика од некои претходни изјави во кои оставал впечаток дека сака да игра уште неколку години, овој пат Роналдо беше многу попретпазлив.

Не рече дека дефинитивно ја завршува кариерата, но првпат сосема отворено остави можност токму актуелната сезона да биде последна во неговата професионална кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не го пушта Страхиња и му подготвува одлична понуда

Познатиот Милан му понуди на српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ нов договор со дво…