Дома Фудбал Проблеми во рајот: Ливерпул мора да избере меѓу сегашноста и иднината

Проблеми во рајот: Ливерпул мора да избере меѓу сегашноста и иднината

Бразилскиот голман Алисон би можел да потпише нов договор со Ливерпул, но во тој случај Црвените ќе останат без голманот кој го “програмираа” за иднината.

Бразилскиот голман Алисон Бекер е влезен во последната година од актуелниот договор со Ливерпул, а на Енфилд сериозно се размислува за можноста за продолжување на соработката со бразилскиот голман.

Сепак, таков развој на настаните би можел да има директни последици врз Георги Мамардашвили, грузискиот репрезентативен голман.

Имено, Грузијецот пристигна во Ливерпул како долгорочно решение помеѓу стативите, но во својата прва сезона главно беше замена за Алисон.

Доколку Бразилецот добие нов договор, Мамардашвили би можел да заклучи дека на Енфилд за него едноставно нема доволно простор, што би можело да биде голем проблем за Црвените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопругата на фудбалер на Барса го „пецна“ Диоманде и тој ѝ возврати со жесток одговор!

Почетокот на сезоната во Шпанија донесе нова интересна приказна надвор од теренот, а во не…