Дома Останати Кошарка Дончиќ со објава за своите ќерки по разводот од Ана Марија (Фото)

Дончиќ со објава за своите ќерки по разводот од Ана Марија (Фото)

Лука Дончиќ (27) објави на Инстаграм порака посветена на своите ќерки. Објавата доаѓа по раскинувањето на долгогодишната врска со Ана Марија Голтес и судскиот процес што следеше.

Словенската кошаркарска ѕвезда сподели низа фотографии од своите ќерки Габриела и Оливија и напиша: “Г и О, без разлика каде се наоѓа вашиот татко низ светот, нема ден да не сте во моето срце. Каде и да одам, секогаш сте со мене. Ве сакам!”

Објавата на Дончиќ дојде по едно приватно тешко време. Се раздели со Ана Марија Голтес, долгогодишна партнерка со која беше свршен и има две ќерки. Нивната врска, која започна уште во тинејџерските години, со години беше медиски следена, па и самиот раскин предизвика бројни реакции во јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…