
Сагата околу Хулијан Алварез и неговиот трансфер во Барселона го обележа летниот трансфер период, а својот коментар за сето што се случи го даде и Рафина кој не беше милостив кон Атлетико Мадрид.
Барселона за време на летниот трансфер период вложи големи напори за да го доведе Хулијан Алварез во своите редови и беше подготвена да плати повеќе од 100 милиони евра, но Атлетико Мадрид го одби тоа.
Иако му дадоа ветување на почетокот на годината дека ќе го пуштат ако сака да замине, и дури Алварез јавно изјави дека сака да оди во Барселона, на крајот сепак ништо од тоа.
Од Атлетико му дадоа до знаење дека може да замине било каде освен во Барселона, што кај Алварез предизвика бурна реакција. Дури еднаш не тренираше, а кај навивачите на Атлетико стана најомразена личност што само ја влоши ситуацијата.
Бразилецот порача дека не му е јасно зошто Атлетико го направи тоа на Алварез и дека целосно претераа.
„Искрено, не можам да разберам што му направи Атлетико Мадрид на Хулијан Алварез. Моето лично мислење е дека е мала веројатноста да функционираат работите таму каде се чувствувам непријатно и каде не сакам повеќе да бидам. Да ме разберете, постои шанса работите со Хулијан и Атлетико да се променат, но некое непишано правило е дека едноставно не можете да имате мир ако останувате таму каде не сакате”, рече Рафина и додаде.
“Хулијан лично во неколку наврати јасно ѝ даде до знаење на управата на Атлетико дека сака да го напушти клубот и, што е поважно, дека сака исклучиво да премине во Барселона. Разбирам дека клубовите не сакаат така лесно да ги пуштаат своите најдобри играчи, особено не во редовите на ривалите, но моето мислење е дека Атлетико претера, со сета должност почит”.