Дома Фудбал ФИФА ја враќа Русија на меѓународната сцена?

ФИФА ја враќа Русија на меѓународната сцена?

ФИФА дозволи учество на руската репрезентација до 15 години на меѓународен турнир во Азија, што предизвика реакции од Украинската фудбалска федерација. Помладите репрезентации на Русија последниве години беа отсутни од повеќето меѓународни натпревари поради санкции поради руската инвазија на Украина.

Репрезентацијата на Русија до 15 години треба да настапи на турнирот во Малезија, а одлуката на ФИФА е донесена откако претходно Меѓународната фудбалска федерација ги ублажи дел од ограничувањата за помладите категории.

Украинската фудбалска федерација ја критикуваше одлуката на ФИФА, истакнувајќи дека се праќа погрешна порака додека војната во Украина уште трае. Украинската страна смета дека руските репрезентации не треба да се вратат на меѓународната сцена пред завршување на конфликтот.

ФИФА и УЕФА пролетта 2022 година ги суспендираа руските сениорски и клубски тимови од своите натпреварувања. Русија од тогаш не учествува во квалификациите за големи натпревари, а руските клубови не се дел од европските натпреварувања.

Младинските селекции последниве години беа предмет на дискусии во рамките на фудбалските организации. УЕФА во 2023 година се обиде да го овозможи враќањето на младинските репрезентации на Русија во натпреварувањата, но по противењето на членките, се откажа од тој план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафиња не сака да молчи, го зеде микрофонот в раце, а потоа почна да зборува за Атлетико Мадрид

Сагата околу Хулијан Алварез и неговиот трансфер во Барселона го обележа летниот трансфер …