
Ламин Јамал даде изјава која ќе биде објавена вечерва, а денес беше споделен уште еден интересен дел од интервјуто за доделувањето на “Златната топка”.
По примерот на Килијан Мбапе, Јамал одлучи да се фокусира на лична промоција, јавно нагласувајќи дека мисли дека заслужува “Златна топка”, по завршувањето на минатата сезона зад Усман Дембеле.
Тој објасни зошто не е нужно играч од Пари Сен Жермен повторно да биде најдобар.
“Проблемот сега е што луѓето придаваат значење на работи кои не носат ‘Златна топка’. Кога велат дека играч од ПСЖ мора да ја освои бидејќи освоија Лига на шампионите… Кога ќе ја освоиш Лига на шампионите, го добиваш трофејот за тоа натпреварување, кој е за најдобриот тим – тоа е признание кое ПСЖ веќе го има. Сосем различна е таа работа дека во ПСЖ игра најдобриот фудбалер на светот. ‘Златната топка’ треба да ја добие најдобриот играч на планетата и тоа е тоа. Не играч кој едноставно постигнува 80 голови, бидејќи за 80 голови добиваш награда за најдобар стрелец на сезоната”, рече Јамал и додаде:
“Овие се различни работи кои луѓето не ги разбираат. Најдобриот играч на светот е тој чие играње го гледате со задоволство – како коментатор – некој кој се разликува од останатите. Најдобриот играч на светот е тој чие присуство на теренот ви предизвикува голем восхит – гледате и помислувате: ‘Тоа е играчот кој е сосема различен од сите други.’ Кога таа награда ќе припадне на најдобриот, а не на оној кој постигнал најмногу голови или освоил најмногу титули, тогаш таа повторно ќе го добие своето вистинско значење”, истакна Јамал.