Дома Фудбал ФОТО: Египет го претстави дресот за Мундијалот и го воодушеви целиот свет

ФОТО: Египет го претстави дресот за Мундијалот и го воодушеви целиот свет

Репрезентацијата на Египет успеа да се пласира на Светското првенство прв пат по 1990. година, кога оваа селекција играше на Мундијалот во Италија.

Египќаните неколку дена го славеа овој огромен успех, бидејќи по речиси 30 години повторно ќе ја гледаат својата репрезентација на големото натпреварување. Пред две недели, ФС на Eгипет го претстави и третиот дрес на оваа селекција за СП кој го воодушеви светот, а овој пат ја претставија и првата гарнитура на дресови.

И овој пат Египѓаните на дресовите сакаа да покажат барем дел од својата богата историја и со овие дресови ја воодушевија јавноста. Египѓаните во овие дресови ќе играат на натпреварите во кои ќе бидат како домаќини.

Потсетуваме, Египет ќе игра во групата А во која се наоѓаат Русија, Уругвај и Саудиска Арабија. Мундијалот во Русија ќе почне на 14. јуни, а ќе заврши на 15. јули следната година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите негодуваа за цените, ФИФА инкасирала пет милијарди од билети!

„Тајмс“ објави дека билетите за Мундијалот 2026 ѝ донеле на ФИФА над петпати повеќе приход…