Дома Трансфер зона Летоска вредеше 70 милиони, сега само резерва

Летоска вредеше 70 милиони, сега само резерва

Јувентус во текот на летниот преоден рок одби неколку понуди за Алекс Сандро.

Бразилецот минатата сезона импресионираше со неговите настапи, беше еден од најдобрите бекови во Европа и клучен играч на Јувентус во освојувањето на Серија А и настапот во ЛШ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради тоа голем интерес покажаа големи клубови од Европа, а најзаинтересирани за неговите услуги беа Манчестер Сити и Челси, но управата на Јуве одби понуди вреди дури и до 70 милиони евра.

Сепак, оваа сезона поранешниот фудбалер на Порто игра далеку под своите можности и се почесто не добива шанса за настап во стартните 11.

„Кажавме многу пати, кога играчот ќе побара да биде продаден, без разлика колку е вреден за тимот, ние ќе се обидеме да го продадеме. Кога е играчот незадоволен подобро е да го ослободиме.

Во случајот со Алекс Сандро тој беше решен да остане во тимот. Неговите слаби настапи се поради негови лични проблеми, за кои сега нема да коментирам.“ – изјави Марота.

Сандро има договор со Старата дама до 2022. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го сака дефанзивецот на Арсенал

Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „К…