Дома Фудбал Германија на нозе: Јирген Клоп донесе прва голема одлука!

Германија на нозе: Јирген Клоп донесе прва голема одлука!

Јирген Клоп е подготвен да направи сериозен пресек на почетокот од својот мандат на клупата на Германија, а според информациите од Билд, еден од играчите којшто беше дел од репрезентацијата на последниот Светски првенство нема да добие повик за првото собирање на новиот селектор.

Станува збор за Оливер Бауман, 36-годишниот голман на Хофенхајм, кој нема да биде на првиот список репрезентативци кај Клоп.

Како што наведува Билд, новиот селектор сака „целосно да ја разбиe старата хиерархија“ и да направи одредени промени во тимот.

Бауман до непосредно пред неуспешното Светско првенство беше прв голман на Германија. По повредата на Марк-Андре тер Штеген доби шанса за време на квалификациите за Мундијалот и со своите настапи остави многу добар впечаток.

Сепак, Јулијан Нагелсман пред завршниот турнир направи голем пресврт и од репрезентативната пензија го врати Мануел Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудна одлука: Освои трофеј, па доби отказ

Германскиот стратег Дино Топмелер повеќе не е тренер на Ланс, откако доби отказ по само ше…