Дома Трансфер зона Клоп конечно најде лев бек?!

Клоп конечно најде лев бек?!

Минатата сезона поради слабите настапи на Алберто Морено, улогата лев бек во Ливерпул ја играше Џејмс Милнер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова лето на Енфилд пристигна Енди Робертсон од Хал, со цел позицијата лев бек да биде засилена, но засега тој не добива шанса за настап.

Според британските медиуми, најверојатно Клоп планира да донесе уште еден фудбалер на оваа позиција, па се споменува дефанзивецот на Рома, Емерсон Палмиери.

Младиот бразилец имаше големи проблеми со повредите, па Рома го ангажираше Александар Коларов, кој ја зацементира позицијата во стартните 11.

Па така римскиот клуб може да одлучи да го продаде, но за сума не помала од 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…