
Напаѓачот на ПСЖ се согласи со тврдењето на ѕвездата на Реал дека низ кариерата го доживувале само како „талентиран играч“, додека Килијан од самиот почеток ја носи етикетата „избраниот“…
Трката за Златната топка, која France Football ќе ја додели на 21 октомври за најдобриот фудбалер во светот за минатата сезона, се повеќе се разгорува. Осман Дембеле, актуелниот освојувач на оваа престижна награда, во разговор за Лига 1 + се осврна на гласањето и коментарите кои го следат годинешниот избор.
„Секогаш сум седел на последната клупа и напорно сум работел. Во текот на целата кариера не кажав ни збор, само жестоко тренирав”, изјави поранешниот играч на Барселона по победата на ПСЖ против Брест со 1:0 во четвртото коло на Лига 1.
„Како што веќе реков, никогаш не гледаа на мене како на избран. Но, напорно работев и минатата година ми се исплати со фантастична сезона во ПСЖ. Што се однесува до оваа година — ќе видиме, без никаков притисок, целосно опуштено.”