Дома Фудбал Јамал застана пред камерите и јасно кажа кој треба да ја добие Златната топка!

Јамал застана пред камерите и јасно кажа кој треба да ја добие Златната топка!

Eден од најдобрите играчи на светот, Ламин Јамал, јасно изјави за кого смета дека треба да ја добие Златната топка.

Јамал не ги крие своите амбиции. Младиот ас на Барселона е свесен дека се наоѓа во друштво на најголемите светски ѕвезди, но верува дека е време да направи уште еден огромен чекор и да го освои признанието кое секој фудбалер го сонува.

Јамал без многу размислување го издвоил себе и Килијан Мбапе како двајца најдобри играчи на светот, но веднаш го додал најважното. Смета дека токму тој оваа година ја заслужува Златната топка.

„Мбапе и јас сме најдобрите двајца играчи на светот. Но, оваа година верувам дека ја заслужувам Златната топка”, рече Јамал.

Иако е уште многу млад, фудбалерот на Барселона веќе има став на играч што сака да остави трага во историјата. За него, она што досега го направи не е доволно да биде задоволен, а посебно му остана чувството дека можел да направи многу повеќе на најголемата репрезентативна сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА испрати последно предупредување до сите фудбалски сојузи!

УЕФА на почетокот на планирањето на календарот за сезоната 2027/28 направи чекор кој би мо…