Дома Фудбал Реми во Куманово: Вардар прими три гола од Башкими!

Реми во Куманово: Вардар прими три гола од Башкими!

Вистински фудбалски спектакл беше виден во најинтересниот натпревар од почетокот на сезоната во ПМФЛ. Последнопласираниот Башкими и Вардар одиграа возбудлив натпревар со дури шест гола, а на крајот ги поделија бодовите со резултат 3-3.

Башкими подобро го започна натпреварот и по 21 минута игра стигна до предност. Исмаили се најде на вистинското место и го матираше Талевски за 1-0. Само 12 минути подоцна следуваше нов удар за вардарци. По украдена топка, Да Силва се најде во одлична позиција, тргна сам кон голот, го заобиколи истрчаниот Талевски и зголеми на 2-0.

Вардар по двата примени гола веднаш го засили притисокот и целосно ја презеде иницијативата. Нападите на „црвено-црните“ конечно вродија со плод пред самиот крај на првиот дел, кога Бабунски погоди за 2-1 и му даде надеж на својот тим пред паузата.

Во второто полувреме на теренот постоеше само еден тим. Вардар тргна офанзивно, создаваше шанси и постојано го притискаше домаќинот.

Во центарот на вниманието се најде искусниот Горан Закариќ, кој направи целосен пресврт за само две минути. Прво во 70. минута го израмни резултатот, а само две минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците за водство на Вардар од 3-2. Кога се чинеше дека Вардар ќе стигне до голем пресврт и победа, следуваше нова драма.

На десетина минути до крајот, судијата му покажа втор жолт картон на Азер Омерагиќ, па Вардар можеше да остане со играч помалку. Сепак, по интервенција на ВАР-системот, одлуката беше преиначена и капитенот на Вардар остана на теренот.

Башкими до крајот и со изедначени сили на теренот успеа повторно да погоди и да стигне до 3-3, со што еден од највозбудливите натпревари сезонава заврши без победник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Маркус Рашфорд ги смени работите во своја корист?

Малкумина веруваа дека Маркус Рашфорд ќе добие важна улога во Манчестер Јунајтед, но ова л…