
Поранешниот играч за врска на Валенсија, Челси и Манчестер Јунајтед, како и на шпанската фудбалска репрезентација, Хуан Мата (38), денес ја објави својата пензија од професионалниот фудбал.
Шпанскиот шампион на Светското првенство 2010 и Европскиот шампионат 2012, неодамна го одбележи своето последно фудбалско искуство играјќи за прволигашот од Австралија, Мелбурн Виктори. Иако изминатата сезона 2025/2026 година го посочи како најдобар играч на австралиската лига.
“Уживав во секоја минута од ова патување и горд сум на сите успеси што ги постигнавме во изминатата сезона. Повторно се заљубив во фудбалот во градот кој имав шанса да го наречам свој дом”, изјави Мата.
Сепак, ќе остане поврзан со фудбалот, бидејќи купи мал дел од сопственичките акции на последниот клуб за кој играше. Тој ќе го преземе местото на претседател во новоформираниот фудбалски комитет на клубот Мелбурн Виктори.
“Последната сезона на Хуан ќе биде запаметена долго време од навивачите на клубот. Верувам дека неговите настапи треба да се ценат од сите љубители на фудбалот во Австралија”, истакна спортскиот директор на Мелбурн, Џон Дидулица, со задоволство што Мата ќе продолжи професионално да соработува со клубот.
Поранешниот шпански играч за врска исто така има дел од сопственоста во Формула 1 тимот Алпин и клубот Сан Диего ФК. Мата запиша 41 настап за шпанската репрезентација и постигна десет голови. Покрај светската титула, освои и Европско првенство во 2012 година во Полска и Украина. Исто така, го освои и Лигата на шампионите со Челси во сезоната 2011/2012.