Дома Фудбал Вардар платил казна на УЕФА од 250.000 евра

Вардар платил казна на УЕФА од 250.000 евра

Од редовите на Вардар соопштија дека ја подмириле казната од 250.000 евра изречена од УЕФА поради низа неправилности регистрирани во периодот пред летото 2024 година.

Од клубот појаснуваат дека утврдените прекршувања се однесуваат на работењето на претходната сопственичка и управувачка структура, а опфаќаат неправилности, манипулации, фалсификувани документи и други незаконски постапки.

Најголем дел од забелешките на европската фудбалска централа се однесуваат на сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24. Меѓу посериозните неправилности се наведуваат незаконски склучуваните двојни договори со фудбалери, при што клубот ги посочува случаите со Блажевски и Глишиќ.

Во извештајот се нотирани и исплати што биле реализирани преку други сметки, како и трансакции за кои не постоела соодветна сметководствена документација.

Од Вардар нагласуваат дека станува збор за пропусти и постапки кои, според наодите на УЕФА, се случувале пред промената на сопственичката структура на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Казна за Вардар од ФФМ: Еден натпревар без публика!

Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе повеќе дисциплински одлуки, а меѓу каз…