Дома Останати Тенис Сабаленка веќе нема да биде број еден, Рибакина ја симна од тронот!

Сабаленка веќе нема да биде број еден, Рибакина ја симна од тронот!

Елена Рибакина обезбеди пласман во полуфиналето на УС Опен, со што ја симна Арина Сабаленка од првата позиција на светската ранг листа.

Од понеделник, Рибакина ќе биде новата број еден тенисерка во светот, откако успеа да ја совлада Чинвен Жанг во четвртфиналето на УС Опен, правејќи пресврт со резултат 3:6, 6:1, 6:4.

По завршувањето на мечот и потврдувањето на нејзиниот нов статус на врвот, тенисерката од Казахстан изјави умерено:

“Тоа сега е само бројка. Се наоѓам во полуфиналето, и мојата цел е да го освојам УС Опен”, рече Рибакина.

Рибакина, која досега има освоено два Гренд Слем турнира во својата кариера, ќе се натпреварува во полуфиналето на УС Опен против Коко Гауф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зверев дојде до полуфиналето на УС Опен, урна и рекорд на Борис Бекер

Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на САД Опен откако го совлада Ботик ван де …