Дома Фудбал Останато Синот на Кими Раиконен потпиша за Ред Бул

Синот на Кими Раиконен потпиша за Ред Бул

Ред Бул објави дека во својот програм за развој на возачи го придружи Робин Раиконен, синот на светскиот шампион од 2007 година, Кими Раиконен.

Единаесетгодишниот, познат и под прекарот Ејс, официјално ќе започне да соработува со тимот од 2027 година, со цел унапредување на својата тркачка кариера.

Со текот на годините, Ред Бул се етаблираше како еден од водечките програми за развој на млади возачи во Формула 1, а меѓу неговите поранешни членови се Себастијан Фетел, Макс Ферстапен, Карлос Саинц и единствениот дебитант оваа сезона, Арвид Линдблад.

Младиот Раиконен, описан како „едни од најталентираните млади возачи на својата генерација“, веќе ја демонстрираше својата способност на различни картинг првенства, а Ред Бул ќе му пружи поддршка низ различни фази на развој.

“Сите сме воодушевени и во екстаза што Робин е избран да го продолжи својот тркачки пат како член на младинскиот тим на Ред Бул. Лоран [Мекјес] и сите останати во Ред Бул беа неверојатно поддржувачки низ целата наша комуникација. Тие нудат сериозен и сеопфатен програм за развој и унапредување на Робиновиот напредок во идните години, давајќи му го сето потребно искуство за развој на неговиот природен талент, кој досега одлично го демонстрираше преку своите картинг натпревари. Младинскиот тим на Ред Бул со години постигнува неверојатни успеси. Меѓу неговите поранешни членови се Себастијан Фетел и Ферстапен, како и многу други. Затоа Робин со голем респект пристапува на оваа престижна програма и ќе вложи максимални усилија за да го оправда довењето доверба кое Ред Бул го има во него”, изјави легендарниот Кими.

По овој повод се обрати и раководителот на Oracle Red Bull Racing, Лоран Мекјес.

“Робин веќе покажа извонредни способности во картинг. Неговата брзина, тркачки вештини и природен талент го издвојуваат како еден од најперспективните млади возачи во својата возрасна група. Импресионира со својата зрелост, смиреност и јасна постојаност на возењето. Нашата цел е да го развиваме чекор по чекор, без да создадеме непотребен притисок на неговите плеќи. Патот низ автомобилскиот спорт е долг, и ќе му пружиме време, поддршка и ресурси кои му се потребни за да го искористи својот потенцијал целосно. Цврсто веруваме дека талентот може да се развие кога е поддржан од вистинските луѓе, вистинската култура и вистинското опкружување. На тоа сме посветени за Робин додека продолжува со својот развој. Многу се радуваме на следните чекори на неговиот пат, кои заедно ќе ги надминеме со Робин и неговото семејство”, изјави Мекјес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија денеска го почнува Европското првенство против Бугарија, ова е распоредот!

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува својот настап на Европс…