Дома Фудбал Aлварез нема да биде подготвен да игра против Ливерпул?

Aлварез нема да биде подготвен да игра против Ливерпул?

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, се соочува со период полн со предизвици.

Откако не успеа да го убеди Атлетико да го продаде на Барселона, доживеа притисок од навивачите, а по поразот во Билбао, теренот го напушти солзен.

Пред вечерашниот дуел со Ливерпул на “Енфилд”, зборуваше и претседателот на Атлетико, Енрике Сересо.

“Сметам дека Хулијан Алварез се подобрува. Проблемот е што тој страда поради неодамнешните случувања и сосема е природно што сме загрижени. Сепак, неговото закрепнување оди добро и тренерот ќе одлучи кога е подготвен за игра. Случајот “Хулијан” е затворен”, изјави првиот човек на Атлетико.

Очекувањата се Хулијан Алварез повторно да остане на клупата за резерви, а големо е прашањето дали Диего Симеоне ќе го користи пред да се опорави целосно од последните случувања.

Натпреварот Ливерпул – Атлетико Мадрид е закажан за 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германската легенда нема дилеми: Тој треба да ја освои „Златната топка“

Станува збор за борбата за годинашната „Златна топка“, или Ballon d’Or, и веќе се во…