
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува својот настап на Европското првенство 2026, а првата пречка на патот кон елиминациската фаза ќе биде домаќинот Бугарија.
Нашите одбојкари се дел од групата Б, во која покрај Бугарија се и селекциите на Украина, Полска, Португалија и Израел. Сите натпревари од групната фаза Македонија ќе ги одигра во Софија.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ги очекува напорен ритам, бидејќи во само осум дена ќе одиграат пет натпревари. Првиот дуел е закажан за денеска од 18 часот против Бугарија.
РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА НА ЕП:
9 септември, 18:00 часот: Бугарија – Македонија
11 септември, 15:00 часот: Украина – Македонија
13 септември, 18:00 часот: Македонија – Полска
15 септември, 15:00 часот: Македонија – Португалија
16 септември, 15:00 часот: Израел – Македонија
Сите средби ќе се играат во „Арена 8888“ во Софија, каде што македонската репрезентација ќе се обиде да обезбеди место во следната фаза. За Македонија ова ќе биде четврто последователно учество на Европското првенство, што претставува уште една потврда за континуитетот на македонската одбојка на европската сцена.