Дома Ракомет Трагедија во Љубљана: Загина млад ракометар, го прегазил автомобил!

Трагедија во Љубљана: Загина млад ракометар, го прегазил автомобил!

Утрово од Љубушки пристигнаа трагични вести кои длабоко ја потресоа целокупната јавност во Босна и Херцеговина.

Шеснаесетгодишниот Марко Грбавец, талентиран ракометар од академијата на РК Извиџач, го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на пат кон училиште.

Според првите информации, страшната несреќа се случила во близина на Средното стручно училиште “Руѓер Бошковиќ”.

Во овој трагичен настан учествувале несреќното младо момче на велосипед и возач на моторно возило, кој по истрагата на полицијата беше уапсен.

Екипата на итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и се обидела да го реанимира шеснаесетгодишникот, но за жал неуспешно.

Со голема тага се опростуваат бројни пријатели, соиграчи и спортски колективи од прерано заминатиот младич.

На официјалната страница се огласи и неговиот клуб РК Извиџач, испраќајќи емотивна порака за проштално збогување со својот член.

“Тешко е да се најдат зборови со кои би се изразила болката од загубата на еден толку млад живот”, наведоа од тимот од Љубушки и додадоа:

“Беше дел од нас, наш пријател, соиграч, насмевка и надеж. Твојата ведрина и љубов кон ракометот засекогаш ќе останат во нашите срца.”

Од клубот на крајот изразија најдлабоко и најискрено сочувство до ожалостеното семејство, пријателите и сите кои го сакаа нивниот Марко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го чува Фадуил: договорена соработка до 2028 година

Матео Фадуил ги прифатил условите за продолжување на соработката со Вардар. Французинот ве…