Дома Фудбал Талентираниот 18-годишник избега од Јунајтед: Црвените ѓаволи не се откажуваа, но и Арсенал се јави

Талентираниот 18-годишник избега од Јунајтед: Црвените ѓаволи не се откажуваа, но и Арсенал се јави

Манчестер Јунајтед го посакуваше 18-годишниот фудбалер на Лестер, но трансферот не се реализираше. Сепак, Црвените ѓаволи не се откажуваат и ќе се обидат да го доведат во зимскиот преоден рок.

Младиот 18-годишен фудбалер Лоис Пејџ остана во Лестер, иако неговиот трансфер делуваше како завршена работа.

Најталентираниот фудбалер на Лестер требаше да премине во Манчестер Јунајтед, односно клубовите беа пред реализација на зделката, но сепак не постигнаа конечен договор.

Преговараа Јунајтед и Лестер цело време од преодниот рок, а кулминацијата на преговорите беше забележана на последниот ден од преодниот рок и кога се чинеше дека сè е готово, дојде до мали несогласувања така што пропадна веќе договорениот трансфер.

Сепак, според пишувањата на островските медиуми, Црвените ѓаволи не се откажуваат од Пејџ и ќе се обидат да го доведат во нивните редови за време на зимскиот преоден рок, но би можеле да имаат противник во борбата за неговиот потпис, и тоа Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах повторно ги поместува границите: Направи нешто што никој во Трабзонспор не го направил 25 години

Мохамед Салах продолжува да ја испишува историјата и по заминувањето од Ливерпул, а египет…