Дома Фудбал Барселона најде начин, еве како ќе ги спречи гостинските навивачи на Феенорд

Барселона најде начин, еве како ќе ги спречи гостинските навивачи на Феенорд

Како што известуваат шпанските медиуми, Барселона ќе преземе дополнителни мерки за натпреварот од Лигата на шампионите против Феенорд.

Намената на овие мерки е да се спречат навивачите од Ротердам да заземат места на трибините резервирани за домашните поддржувачи.

Навивачите на Феенорд редовно купувале индивидуални билети за трибините на домашните тимови, како во Холандија, така и во други земји.

Сега, Барселона сака да се обезбеди гостинските навивачи на Феенорд да не дојдат во секторите на домашните навивачи, така што секој билет ќе биде персонализиран на име на сопственикот.

Во оваа насока, стјуардите на влезовите на Камп Ноу ќе проверуваат дали навивачите го користат билетот на свое име.

Барселона исто така планира проверки и за време на натпреварот за да осигури дека навивачите на Феенорд нема да влезат на секторите наменети за навивачите на шпанскиот шампион.

Секторот за гости е целосно распродаден и Феенорд ќе има поддршка од 2.986 навивачи во Барселона, чиј идентитет е познат на клубот и шпанските власти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА оваа недела во сите натпревари ќе оддаде почит на жртвите на поплавите во Непал

Сите три натпреварувања во организација на УЕФА започнуваат оваа недела. Пред да започнат …