Дома Фудбал Манчестер Сити не можеше да најде подобра замена за Родри!

Манчестер Сити не можеше да најде подобра замена за Родри!

Манчестер Сити ја започна оваа сезона во Премиер Лигата добро и покажа рана кандидатура за освојување на титулата.

Вчера го совладаа Ковентри, беше 1:0, Манчестер Сити имаше дури 78% посед, неверојатни 770 додавања, така што изгледа како Пеп Гвардиола да не си замина од Манчестер Сити.

Се чини дека за тоа придонесе и – Елиот Андерсон.

Вчера човекот докажа на сите дека можеби ќе биде најголемото засилување на Манчестер Сити, бидејќи беше непогрешлив.

Со успешност на додавања од 92.3%, 155 обиди за додавање, Андерсон е првиот човек од декември 2023 година во Премиер Лигата кој успеа да ја надмине бројката од 92% додавања со повеќе од 150 обиди.

Претходниот беше – Родри.

Андерсон беше импресивен и на Светското првенство, очигледно е дека Манчестер Сити направи вистински потег со неговото доведување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар веќе не е за сериозен фудбал – уште една тешка повреда!

Нејмар минува низ тешки моменти. По елиминацијата со репрезентацијата на Бразил веќе во ос…