
Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, има само пофални зборови за Рикардо Калафиори, кој според него во моментов е најдобриот лев бек во Премиер лигата.
„За мене, тој е најдобриот лев бек во Премиер лигата, и тоа убедливо“, изјави Карагер.
Поранешниот англиски репрезентативец е особено импресиониран од начинот на кој италијанскиот фудбалер игра во двата правци и од неговото влијание врз играта на тимот.
„Тој е брилијантен во секоја смисла на зборот!“, додаде Карагер.
Калафиори со своите настапи продолжува да остава силен впечаток во англискиот фудбал, а пофалбите од човек со огромно искуство во Премиер лигата дополнително ја потврдуваат неговата одлична форма.