
Челси постигна договор за трансфер на Хонест Аханор (18) од Аталанта по сума која со бонуси би можела да достигне 48 милиони евра. Според информациите на Sky Sport Italia и Фабрицио Романо, младиот талентиран дефанзивец по трансферот веднаш ќе биде испратен на позајмица во Кристал Палас.
Се очекува Аханор да патува денес за медицинскиот преглед. Челси засега нема планови да го приклучи кон првиот тим, а Кристал Палас доби предност за позајмицата во конкуренција со Брајтон. Ова е веќе втора значајна продажба на Аталанта на Челси ова лето, по трансферот на Марко Палестре за кој лондонскиот клуб потроши над 50 милиони евра.