Дома Фудбал Изненадувачки трансфер: Реал Мадрид договори млад афрички стопер

Изненадувачки трансфер: Реал Мадрид договори млад афрички стопер

Младиот дефанзивец на Гранада, Оскар Наасеј, на 21 година станува нов член на Реал Мадрид. Мадридскиот клуб продолжува со активностите на трансфер пазарот, а шпанските медиуми потврдуваат дека младиот репрезентативец на Гана ќе игра за „кралевите“. Официјалната потврда за трансферот се очекува наскоро, бидејќи Наасеј веќе ги поминал медицинските прегледи и потпишал повеќегодишен договор, пишува Фабрицио Романо.

Гранада ќе добие отштета од околу два милиони евра. Деталите околу платата на играчот сè уште не се откриени. Наасеј нема веднаш да се приклучи на првиот тим на Реал. Планирано е да настапува за резервниот состав, Кастиља, каде ќе се адаптира на барањата и филозофијата на клубот. Минатата сезона за Гранада одигра 37 натпревари и дебитираше за репрезентацијата на Гана.

Оскар Наасеј Опонг е роден на 24 февруари 2005 година во главниот град на Гана, Акра. Својот фудбалски пат го започна во локалната Емануел Сити Фудбал Академија, институција посветена на развојот на млади играчи, од која потекнува и неговиот сонародник Рубен Гјан. Токму од таа академија, Наасеј го направи првиот голем чекор кон европскиот фудбал.

Во летото 2023 година се пресели во Шпанија и потпиша за Гранада, која го ангажираше како перспективен млад дефанзивец. Првично беше дел од младинскиот тим, но брзо ја привлече вниманието на тренерите и почна да настапува и за третата екипа на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се налути и вечерва нема да им оддаде почит на своите светски шампиони

На првиот меч на домашен терен сезонава против Атлетик Билбао, Барселона нема да им оддаде…