
Ливерпул конечно успеа да постигне договор со Пари Сен Жермен и Бредли Баркола ќе биде четвртото засилување на „Црвените“ ова лето.
Како што пренесоа бројни извори, ПСЖ конечно одлучи да ја прифати понудата на Ливерпул која изнесува во пакет и до 140.000.000 евра со сите бонуси.
Французинот одамна ги договори личните услови, ПСЖ денеска ја прифати понудата и се очекува веќе денеска Баркола да отпатува на медицински прегледи и потпишување договор како второ најскапо засилување во историјата.
Баркола ќе го надмине Флоријан Вирц, кој беше платен 125 милиони евра, но и кај него обештетеноста расте со бонусите. Најскапото засилување останува Александар Исаак, кој пред една година беше платен на Њукасл дури 145 милиони.
Баркола ќе стане ново значајно засилување во нападот, покрај Виктор Муњоз, а со Коди Гакпо, Ри Енгумо, Флоријан Вирц и Александар Исаак.