Дома Фудбал Инфантино во големи проблеми: Италија и Романија му го вртат грбот пред изборите во ФИФА

Инфантино во големи проблеми: Италија и Романија му го вртат грбот пред изборите во ФИФА

Фудбалските сојузи на Италија и Романија денес соопштија дека нема да го поддржат реизборот на Џани Инфантино на позицијата претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Инфантино се наоѓа под сè поголем притисок во последно време. Иако на момент изгледаше дека успеал да го смири незадоволството кое следеше по Светското првенство и одредени одлуки кои предизвикаа бурни реакции ширум фудбалскиот свет, новиот бунт повторно добива замав.

Фудбалскиот сојуз на Романија одлучи јавно да ја ускрати поддршката на Инфантино. Претседателот на сојузот Разван Бурлеану изјави дека ја изгубил довербата во првиот човек на ФИФА и оцени дека светскиот фудбал се наоѓа во сериозна институционална и управувачка криза.

Фудбалскиот сојуз на Италија (FIGC) исто така јавно ја повлече својата поддршка за актуелниот претседател на ФИФА, наведувајќи дека таа одлука е донесена поради неговите “неодамнешни иницијативи кои се однесуваат на управувањето и развојот на меѓународните натпреварувања”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер јунајтед мора итно да го менува дресот, ги прекршил правилата во Премиер лигата

Манчестер јунајтед не само што го започна сезоната со пораз од Хал Сити, туку исто така на…