
Ракометниот клуб Вардар денеска го претстави новиот гостински дрес за сезоната која следува.
Новата опрема носи посебна симболика, бидејќи дизајнот е инспириран од 65-годишнината од основањето на клубот, со доминантни златни детали.
На дресот се наоѓа и логото на Лигата на шампионите, натпреварување во кое „црвено-црните“ повторно ќе настапуваат. Вардар е двократен европски шампион, а по неколкугодишна пауза повторно ќе има можност да се натпреварува меѓу европскиот ракометен крем.
Од клубот најавуваат дека дресот наскоро ќе биде достапен и за навивачите, односно ќе може да се купи во продажба.