
Барселона остави широко отворени врати за заминување на тројца фудбалери.
Тоа се Алехандро Балде, Марк Касадо и Ектор Форт. Никој од нив тројца вечерва не е во составот на Ханзи Флик за натпреварот против Елче, и сите тројца имаат зелено светло да го напуштат клубот.
Касадо и Балде делат заеднички застапник, Жорже Мендеш, кој овие денови беше во Барселона и разговараше со Деко, спортскиот директор, и извесно е дека и двојцата ќе го напуштат клубот, за што веќе пишувавме претходните денови.
Што се однесува до десниот бек Ектор Форт, Борусија од Дортмунд е многу заинтересирана за неговите услуги, а и Форт е заинтересиран за Дортмунд повеќе отколку за Рома и Сосиедад, кои исто така го посакуваа во своите редови.
Во главно, изгледа јасно дека Барселона ќе има три излезни трансфери до крајот на преодниот рок…