Дома Фудбал Луис Енрике ги отфрли две ѕвезди на ПСЖ и порача: “Ако не сакаат да бидат тука…”

Луис Енрике ги отфрли две ѕвезди на ПСЖ и порача: “Ако не сакаат да бидат тука…”

Бредли Баркола и Ибрахим Мбаи повторно не се вклучени во тимот на францускиот шампион, што дополнително ги распламти приказните за нивната иднина во Париз.

Баркола веќе подолго време е на радарот на Ливерпул, кој внимателно ја следи ситуацијата околу одличниот француски репрезентативец.

Иако евентуалниот трансфер засега не е реализиран, новиот развој на настаните би можел дополнително да ја компликува неговата ситуација во ПСЖ.

Особено е интересен случајот на 18-годишниот Мбаи, кој исто така се поврзува со можен замин од клубот. И двајцата беа изоставени од тимот за натпреварот против Рен, а претходно ги немаше и во составот за францускиот Суперкуп.

Таквите потези веднаш предизвикаа шпекулации за тоа дали постои проблем меѓу играчите и тренерот Луис Енрике.

„Сè уште имаме многу млад и амбициозен тим. Важно ни е да имаме играчи кои уживаат во нашиот начин на играње фудбал и кои се среќни што играат за овој клуб. Доколку играчот не сака да биде тука или не е среќен, подобро е да се најде друго решение“, порача Енрике.

Токму таа изјава дополнително предизвика внимание во контекст на Баркола и Мбаи.

Ливерпул сега со голем интерес ќе ја следи ситуацијата во Париз. Англискиот гигант веќе покажа интерес за Баркола, а доколку ПСЖ отвори врата за негово заминување, многу е можно приказната повторно да се интензивира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн и Баерн седнуваат на маса за преговори

Напаѓачот на Баерн Минхен Хари Кејн откри дека следуваат разговори за продолжување на него…