Дома Фудбал ФИФА изрече јаки казни на Паредес и Молина за испадите после финалето на Светското првенство

ФИФА изрече јаки казни на Паредес и Молина за испадите после финалето на Светското првенство

Леандро Паредес беше казнет со 10 натпревари и парична казна од 90,000 долари поради скандалите во кои се вплетка по завршниот судиски сигнал на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија.

Неговиот соиграч, Науел Молина, кој беше втората најактивна фигура во срамните сцени на натпреварот, пак, е суспендиран за седум натпревари и казнет со идентична глоба. Тијаго Алмада помина само со еден натпревар и ќе треба да плати 30,000 долари, а казни има и за членови на тимот на Аргентина – Роберто Ајала, асистент на Лионел Скалони, е санкциониран за три натпревари и глобен со 30,000 долари, а Пабло Мартин Паес Гавира ќе треба да плати истата казна и ќе биде суспендиран на еден натпревар.

Дополнително, Аргентинската фудбалска федерација е глобена со 321,000 долари. Националниот тим ќе треба да ги игра следните два домаќински натпревари со ограничена публика – 50% од капацитетот на стадионот, иако казната за еден од овие натпревари е условна и ќе биде применета при ново прекршување.

Од страна на Шпанија, казнет е единствено Гави, кому му се забранети правата за еден натпревар и глобен е со 30,000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…