Дома Фудбал „Знам дека Реал плати многу, но не чувствувам притисок“

„Знам дека Реал плати многу, но не чувствувам притисок“

Новото засилување на Реал Мадрид, Јан Диоманде, не стравува од големите очекувања кои доаѓаат со трансферот.

Играчот кој пристигна од Лајпциг за сума од 125 милиони евра, на крајот може да чини дури и до 140 милиони евра со бонусите.

Како што истакна, неговата одлука била по силно влијание од страна на Жозе Мурињо.

– Мурињо има силна личност, што е добро за нас, бидејќи кога си млад, лесно губиш фокус. Верувам дека тој е вистинскиот тренер со кого можам да продолжам да се развивам. Кога првпат разговаравме, бев изненаден што зборува француски. Тоа беше во пет часот утрото во Португалија. Тој се разбуди за да разговара со мене, што означува дека сум му важен. Кога Реал те покани, никогаш не кажуваш “не”, – започна новиот играч на Реал Мадрид.

Тој нагласи дека висината на обештетувањето кое го плати клубот не е притисок за него.

Реал Мадрид издвои значителна сума за мене, но не се чувствувам под притисок. Зошто би бил исплашен? Ако вложиле толку многу во мене, тоа значи дека веруваат во моите способности. Јас ќе го правам она што го можам, а останатото ќе го оставам на Бога – дополни тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал тргна по најголемата ѕвезда на Јувентус

Арсенал ја проверува можноста за доведување на Кенан Јилдиз (21) од Јувентус, објави вечер…