
Тотенхем е на прагот на еден од најголемите договори во овој преоден рок, а лондонскиот клуб преговара со Манчестер Сити за доведување на дури двајца напаѓачи – Савињо и Омар Мармуш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вредноста на целиот трансфер би можела да изнесува дури 151 милион евра, односно околу 130 милиони фунти.
Менаџерот на Спарс, Роберто Де Дзерби сака дополнително да ја засили нападната линија пред затворањето на преодниот рок, а Савињо веќе долго време е една од неговите главни желби. Сега на листата на приоритети е додаден и египетскиот репрезентативец Омар Мармуш.
Наводно, Савињо е спремен да ја прифати понудата на Тотенхем, а неговото отсуство од составот на Манчестер Сити во Комјунити шилд дополнително ги зголеми шпекулациите дека заминувањето е многу блиску.
Мармуш е исто така меѓу играчите за кои Сити нема ништо против продажба доколку пристигне соодветна понуда.
Според информации од Англија, Бразилецот би чинел околу 85 милиони фунти, односно 99 милиони евра, додека Сити за Мармуш бара повеќе од износот што го плати Ајнтрахт Франкфурт кога го донесе на почетокот на 2025 година, некаде околу 52 милиони евра.
Тотенхем ова лето веќе потроши повеќе од 230 милиони евра за засилувања, но раководството на клубот сака да го заврши преодниот рок со уште најмалку два напаѓачи за Де Дзерби да има значително поширок избор во нападот.