Дома Фудбал Манчестер Сити веќе преговара за потенцијалниот заменик на Савињо

Манчестер Сити веќе преговара за потенцијалниот заменик на Савињо

Манчестер Сити работи на трансферот на крилото на Палмеирас Алан Елиас. Според Дејвид Орнстин од “Ди Атлетик”, 22-годишниот Бразилец е еден од набележаните играчи кои евентуално треба да го заменат Савињо, кој е пред трансфер во Тотенхем. Ставот на Палмеирас е дека Елиас нема да се продаде ова лето. Во неговиот договор постои откупна клаузула, но таа е доста висока – 100 милиони евра, така што не е многу веројатно дека Сити би сакал да ја активира.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фабрицио Романо исто така го потврдува интересот на Сити и открива дека двата клуба водат преговори за цената на играчот.

Алан е поникнат од Палмеирас и дебитираше во првиот тим во 2025 година. Оттогаш, тој има 48 натпревари во локалното првенство, при што постигнал шест голови и направил пет асистенции. Сè уште нема добиено повик за репрезентацијата на Бразил.

Вчера стана јасно дека Тотенхем е во напредни преговори со Манчестер Сити за Савињо и Мармуш, а според Мет Лоу од “Д Телеграф”, зделката може да достигне до 140 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…