Дома Останати Тенис Халеп дочека да му врати на Кирјос: Не удирај кога некој е на колена!

Халеп дочека да му врати на Кирјос: Не удирај кога некој е на колена!

Светот на тенисот го потресе веста за суспензијата на Ник Кирјос, откако резултатите покажаа дека бил позитивен на кокаин. Судејќи по неговите односи со многу од колегите и колешките, тешко дека Австралиецот можел да смета на многу пораки за поддршка. Наместо тоа, чекаше коментар сличен на оној од Симона Халеп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Романската тенисерка помина низ нешто слично во 2023. година кога доби четиригодишна суспензија поради позитивен тест на роксадустат. Таа поднесе жалба до Спортскиот арбитражен суд (CAS), уверувајќи дека супстанцата влегла во нејзиниот организам преку контаминиран суплемент. Во март 2024. година, судот ја намали казната на девет месеци со заклучок дека прекршокот не бил намерен.

Кога беше суспендирана, еден од оние кој ја коментираше нејзината ситуација беше токму Ник Кирјос. Тој тогаш изјави дека би имал пет грен слем титули ако направил исто. Сега, улогите се заменија и двојната грен слем шампионка не пропушти шанса да му возврати на Австралиецот за тие зборови.

– Никогаш не удирај кога некој е на колена. Животот има необични начини да ги преплетува позициите – напиша Халеп на Instagram.

Кирјос е суспендиран, а наскоро ќе се дознае и колку долго. Некогашниот финалист на Вимблдон има право на жалба, но тоа сè уште не го искористил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со потресно сведоштво за бомбардирањето: Гледав авион како фрла бомби врз болница… (Видео)

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно зборуваше за исклучит…